Во САД почнува продажба на паметно оружје

- Advertisement -

Поседувањето оружје во САД е прилично контроверзна тема која ја подели земјата. Заговорницте на поседувањето оружје сметаат дека забраната навлегува во нивните лични слободи, додека противниците на таквите слободи предупредуваат на раширеност на оружјето и бројни масакри и убиства кои би се намалиле и би се намалил нивниот број и да се сочуваат бројни човечки животи кога би важеле други закони.

Со оглед на тоа дека не изгледа реално дека ставовите на заговорниците за и против поседувањето оружје ќе се усогласат, можеби решението е во технологијата. За паметните пушки и пиштоли се зборува доста долго, но досегапните обиди не беа успешни.

- Advertisement -

Оваа година може да биде пресвртна и наскоро се очекува почетокот на продажбата на паметно оружје, односно пиштоли кои ќе може да ги користат само нивните сопственици и лица кои за тоа имаат дозвола.

Предностите на таквото оружје се очигледни и изгледа дека сите би имале корист од тоа. На пример, чуварите и полицајците во текот на акциите не мора да стравуваат дали некој ќе им го украде пиштолот и ќе пукаат во нив со нивното оружје. Украденото или изгубеното оружје би било бескорисно, а експертите веруваат дека би се намалила и стапката на самоубиства, како и трагичните случаи кога деца си играат со оружјето.

- Advertisement -

Има два најчести начини на кои производителите на сите досегшпни прототипови на оружје имплементираат заштита. Еден од нив е препознавање на отпечатоци од прсти, а другиот е интеграција на технологија RFID, односно посебен чип кој се наоѓа во прстен или алка и без кој не мможе да се користи оружјето.

Компанијата LodeStar Works минатата недела пред инвеститори претстави прототип на паметен пиштол кој е наменет за луѓе кои прв пат купуваат пиштол и чини 895 долари. Како заштита се користи сензор за отпечатоци од прсти, но тој можеби нема да работи кога врне, користи и RFID чип и посебна подлога за внесување ПИН код со кој може да се отклучи оружјето. Исто така, може да се отклучи и со внесување ПИН во телефон.

- Advertisement -

Од SmartGunz, пак, велат дека нивните пиштоли веќе ги тестира полицијата, а како безбедносен механизам користат само RFID технологија. Нивниот пиштол ќе биде поскап и дека приватни корисници ќе мора да платат 2.195 долари, додека за полицијата ќе биде 1.795 долари.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -