Кина со рекордно производство на јаглен во 2021 година

- Advertisement -

Кинеското производство на јаглен достигнало рекордно ниво во декември минатата година и вкупно за целата година, а кинеската влада продолжува да ги охрабрува рударските компании да обезбедуваат доволно залихи за зимската грејна сезона. Кина е најголемиот производител и потрошувач на јаглен во светот. Земјата минатиот месец произвела 384,67 милиони тони фосилни горива, што е 7,2% раст во споредба со минатата година, покажуваат податоците на Националното биро за статистика.

За цела 2021 година производството на јаглен изнесува рекордни 4,07 милијарди тони, што е 4,7% повеќе отколку претходната година. Од октомври минатата година властите им наредија на рударските компании да работат со максимален капацитет за да ги намалат цените на јагленот и да спречат крах на националната електрична мрежа, како што се случи во септември лани.

- Advertisement -

И потрошувачката на јаглен во Кина минатата година скокна за 10,% во споредба со 2020 година на 8,31 трилиони киловат-часови.

(Channel New Asia)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -