Три македонски стартапи со иницијатива за почист воздух и постигнување стабилна клима

- Advertisement -

Три македонски стартапи започнаа соработка преку која ќе ги употребат своите продукти и модели за активно да придонесат кон борбата за почист воздух и стабилна клима.

FinqUP (Финкап), AirCare (Мој Воздух) и TreeBanks (Трибенкс), заедно со невладината организација за поддршка и развој на стартапи, „Стартап Македонија“ се предводници на оваа соработка.

- Advertisement -

Климатските промени веќе се случуваат: температурите се зголемуваат, сушата и дивите пожари почнуваат да се појавуваат почесто, шемите на врнежи се менуваат, глечерите и снегот се топат, додека глобалното средно ниво на морето се зголемува. За да се ублажат ваквите климатските промени, решението е  намалување или спречување на емисиите поврзани со човековите активности.

Според Диме Галапчев, основач на Финкап, соработката предвидува трите стартапи, доброволно и без никакви задолжителни обврски едни кон други, да ги користат своите продукти во заедничката акција за прочистување на воздухот од загадување, како и намалување на СО2 во атмосферата како дел од напорот за ублажување на климатските промени.

- Advertisement -

Финкап преку своето инвестиционо решение ќе обезбедува финансииска инфраструктура за реализација на напорот, МојВоздух ќе обезбедува податоци за загадувањето за најефективно пошумување како и зголемување на јавната свест, додека Трибанкс, пак, ќе обезбедува набавување и засадување на стебла.

Првичната цел на проектот да се засадат повеќе од 50 илјади стебла пред крајот на 2023-та година.

- Advertisement -

Ивица Атанасовски, ко-основач на Финкап,  трговец на берза, и финтек менаџер, посочи дека финансискиот сектор може да направи многу повеќе кога станува збор за животната средина.

„Финансискиот сектор како еден од движечките столбови на секое општество, не прави ни приближно доволно напори во борба против климатиските промени и загадувањето. Очигледно е дека капиталот и алатките се присутни, но иницијативата за конкретизирање насоки на ова поле не постои.  Клучот на решавање на овој глобален проблем е во креирање на едноставни а сепак изводливи модели како FinqUp, каде што процесите се автоматизирани и ефикасни“, вели Атанасовски.

Горјан Јовановски, основач на МојВоздох и еко-активист, вели дека базите на податоци можат да се покажат како клучни во ефективната борба против загадувањето. Секако, тука е и потребата за транспарентност што овие бази можат да ја обезбедат.

„Потребите за податоци во борба против климатските промени не само што се клучни, туку и се неопходни. Без податоци што мерат колку е намалено аерозагадувањето, нема да знаеме дали нашите напори и преземени мерки колкав и дали воопшто имаат удел во намалувањето на загадувањето. AirCare од самиот почеток кога ги собира овие податоци, ги објавува јавно на GitHub како отворени сетови на податоци, со цел секој да може да ги анализира, преработи и носи заклучоци од истите“, потенцира Јовановски.

Според првиот човек на Трибенкс, Михаил Стевчев, од огромно значење е кога стартапите и бизнисите се вклучуваат во борбата против климатските промени и загадувањето, и на свој начин придонесуваат за оваа цел.

„Проблемот со климатските промени е универзален и има ефект врз целотото човештво, ова не ги исклучува стартапите и успешните бизниси. Стартапите се компании во развој, ова им дава можност да дефинираат климатски одговорни процеси, и бизнис модел базиран на циркуларна економија. Големите компании имаат посточка база на знаење која треба да ја искористат за решавање на еколошки проблеми во нивната околина и да ги пивотираат своите процеси во колку што е можно по еколошки“, вели Стевчев.

Истовремено, иницијаторите исто така ги повикуваат и сите други компании кои сакаат да станат дел од иницијативата да го направат тоа преку директна помош или пак со приспособување на нивните модели.

Според Игор Маџов, претседател на Стартап Македонија, претприемачката сцена може да има витална улога кога станува збор за зелената иднина на Македонија и регионот.

„Ме радува што и во Македонија во се поголем број бележиме млади претприемачи со голема свесност кои креираат напредни технолошки стартапи со глобални аспирации и импакт во својата ДНК. Токму овие компании со своите решенија и со својата уникатна филозофија можат да бидат едно од решенијата за како со пошироката бизнис заедница да видиме вистинска зелена револуција“, порачува Маџов.

Сподели!
- Advertisement -