Телескопот DESI (Dark Energy Spectroscopic Instrument) на Одделот за енергија при Националната лабораторија на Универзитетот Беркли конечно ја креираше најголемата и најдетална мапа на универзумот која постои во светот. Ова достигнување е импресивно, но DESI има завршено само 10% од својата петгодишна мисија.
„Има многу убавина во тоа. Во дистрибуцијата на галаксиите на 3Д мапата има огромни кластери, слоеви и празнини. Тие се најголемите структури во универзумот. Но, во нив се отсликува самиот почеток на универзумот и историјата на ширењето оттогаш досега“ вели научникот Џулиен Гај, кој работи во лабораторијата.
DESI морал да надмине повеќе пречки за да го направи овој импресивен проект. Во текот на пандемијата на корона вирусот телескопот бил надвор од функција и дури во декември 2020 година можел да почне да го истражува небото. За среќа, и покрја тие проблеми, д мај 2021 година бил подготвен да почне со научни истражувања.
Мапата која ја создава DESI е единствена таква во светот и ќе помогне еден ден да го разбереме минатото и иднината на универзумот.
(Interesting Engineering)
(фото: DESI)