Fiat подготвува еден од најевтините електрични автомобили на пазарот

- Advertisement -

Според некои најави, се ближи времето кога цената на електричните автомобили ќе се изедначи со моделите со мотори со внатрешно согорување. Бидејќи за цената на електричните автомобили е главната причина зошто купувачите се одлучуваат за дизелаши или бензинци, ако се подготви соодветна структура и се намали цената, луѓето ќе се одлучат за електрични автомобили.

Но, пред тоа на пазарот може да се појават и ценовно попристапни автомобили,а еден од најповолните може да биде електричната верзија на Fiat Pandа. E-Panda ќе биде поевтина во однос на моментално ценовно најповолниот електричен автомобил Fiat 500e.

- Advertisement -

Од Fiat велат дека сакаат да го пробудат заспаниот џин, односно дека компанијата ќе се ориентира на моемнтално пазарот со најголем потенцијал за развој. Освен што е јасно дека можеме да очекуваме мал градски автомобил со електричен мотор, но нема повеќе детали за самиот автомобил.

Како што пишуваат на Electrek, тој автомобил може да биде базиран на концептот Fiat Centoventi, претставен уште пред пандемијата. Тој автомобил е особено интересен затоа што во него самите сопственици можат многу да менуваат и да го прилагодат на себе, а наместо класичен инфотеинмент систем, може да го корсити својот смартфон или таблет.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -