Motorola подготвува нов флегшип телефон, кој се развива под кодното име Frontier. Компанијата неодамна го претстави Edge X30, а сега го развива новиот телефон кој ќе има некои слични спецификации со него.
Според информациите онлајн, уредот со кодно име Frontier ќе има закривен FHD AMOLED екран од 6,67 инчи, со фреквенција на освежување од 144Hz, како и Edge X30 и ќе има процесор Snapdragon 8. Тоа не е истиот процесор како актуелниот Snapdragon 8 од првата генерација, но е сличен и е произведен со 4nm процесот на производство на TMSC наместо на Samsung.
Frontier ќе има 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија или 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија. Ќе го има и сензорот на Samsung S5KHP1 од 200 MP како главна камера, Samsung S5KJN1SQ03 ултраширока камера од 50 MP и IMX663 телефото од 12 MP. На предниот дел треба да има OmniVision OV60A сензор од 60 MP.
(Klix.ba)
(фото: Trusted Reviews)