Изградбата на Коридорот 8 останува врвен приоритет на оваа Влада, посочи министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работен состанок со Анди Аранитаси, претставникот на ЕБОР за Република Северна Македонија и претставници на Банката од Лондон.
На состанокот се разговараше за реалиција на инфраструктурните проекти што се работат со финансиска поддршка на ЕБОР.
Министерот Бочварски ги запозна претставниците за изградбата на железничката пруга на Коридорот 8 финансирана од ЕбОР, притоа потенцирајќи дека напролет започнуваат со изградба првата и втората фаза, односно делницата од Куманово до Крива Паланка.
Исто така на средбата се разговараше и за финализирање на финансиската конструкција за изградба на втората фаза од автопатот Скопје – Блаце.
Од двете страни изразено е задоволство што проектите течат со предвиденото темпо и посочија дека соработката помеѓу ЕБОР и Министерството за транспорт и врски во наредниот период дополнително ќе се продлабочува.
Мнистерството за транспорт и врски останува силно посветено во реализација на крупните капитали инвестиции со што се покажува намерата на Владата на Република Северна Македонија во изградбата и целокупната инфраструктура во земјата.