Британска компанија отвора филмско студио во вселената

- Advertisement -

Американската медиумска компанија Space Entertainment Enterprise планира да отвори филмско студио и спортска арена во вселената. Планот е својот модул да го спои со Меѓународната вселенска станица до декември 2024 година. Повеќенаменската структура наречена Axiom Station на почеток ќе се користи како комерцијално продолжение на Меѓународната вселенска станица, но до 2028 година ќе се одвои.

Оваа операција ја почнаа Дмитриј и Елена Лесневски, кои тврдат дека компанијата SEE ќе понуди безгранични можности за забава и ќе ја отвори вратата кон нов свет на креативност и ќе почне возбудливо ново поглавје во вселената.

- Advertisement -

Студиото ќе се користи за филмски, телевизиски, музички и спортски настани, а ќе служи и за уметници, продуценти и креативци кои сакаат да произведуваат содржини во средина на микрогравитација во ниската орбита.

Првиот проект на студиото ќе биде филм во кој ќе глуми холивудскиот актер Том Круз, а тој планира да отпатува на станицата подоцна годинава за да почне работата на новиот филм. Режисер ќе биде Даг Лиман, а својата помош ќе даде и компанијата SpaceX и американската вселенска компанија НАСА.

- Advertisement -

Сепак, првиот филм над површината на Земјата веќе е снимен. Тоа го направи руска филмска компанија во октомври минатата година.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -