Wizz Air укина неколку летови од Македонија до eвропски дестинации

- Advertisement -

Нискобуџетната компанија Wizz Air потврди дека ги прекинува операциите на релација Охрид – Милано/ Малпенса, јавува специјализираниот портал „Exyuaviation“

Двата неделни лета беа лансирани во март 2019 година, но беа прекинати во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

- Advertisement -

„Визер“ во моментов ги одржува летовите од Охрид до Базел, додека сите други линии се привремено суспендирани.

Во овој момент, операциите кон Меминген и Малме ќе продолжат кон крајот на февруари, додека летовите до Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон Лутон треба да бидат обновени во март.

- Advertisement -

Визер денеска ги прекина и летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака.

извор: press24.mk

Сподели!
- Advertisement -