ВИДЕО: Егзоскелет им овозможува на параплегичарите да одат

- Advertisement -

Француската компанија Wandercraft доби медицински сертификат MDR (Medical Device Regulation) во Европа за својот роботски егзоскелет Atalante, наменет првенствено за параплегичарите со ограничена способност за одење. Благодарение на сертификатот Atalante сега смее да се користи на пациенти, а тоа им дава надеж на сите параплегичари затоа што после четири години развој егзоскелетот е доволно ефикасен да им овозможи поприродно одење во однос на другите роботски егзоскелети кои се развиваат во светот.

Егзоскелетот доаѓа со далечински управувач и нова апликација наменета за пациентите, но и за физиотерапевтите кои им помагаат на параплегичарите што полесно да го совладаат користењето на егзоскелетот.

- Advertisement -

Најновата верзија на егзоскелетот е значително полесна во однос на претходните прототипови, поудобна за користење и доаѓа со целосен систем за самобалансирање, кој спречува паѓање без оглед на каква површина се двии пациентот. Покрај тоа, паметниот систем на егзоскелетот овозможува пациентите самостојно да влезат и да излезат од него во седечка положба, како на пример од инвалидска количка, и потоа да се исправат без никаква тешкотија.

Понатаму, системот може едноставно да се персонализира според индивидуалните корисници и може да се прилагоди нивото на асистенција од 0 до 100%, како и брзината на одење.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека треба уште да се доработи за корисниците да можат да го користат целосно самостојно, Wandercraft уште некое време ќе го развива пред да го пласира на пазарот. Компанијата неодамна доби и инвестиција од 45 милиони долари, која веројатно ќе ја донесе до крајната цел.

(Vidi.hr)

(фото: Wandercraft)

Сподели!
- Advertisement -