Биткоин ја надмина границата од 71.000 долари

- Advertisement -

И неделава продолжува растот на вредноста на најпознатата криптовалута биткоин. Имено, биткоин вчера на азиските берзи достигна вредност поголема од 71.000 американски долари.

Биткоин стабилно расте последните недели, а минатата недела ја надмина границата од 70.000 долари и постави нови рекорди на својата вредност. Експертите велат дека брзиот раст на вредноста на оваа криптовалута ја поттикнал одлуката за „спот“ тргување во САД, но и одлуката на Лондонската берза да почне да прифаќа барања за биткоин и етереум ETN.

- Advertisement -

Најголем дел од експертите, сепак, се сложуваат дека секој пад на биткоин веројатно ќе биде краткотраен благодарение на нерамнотежата на понудата и побарувачката во САД и претстојното преполовување на „наградите“ кои ги добиваат рударите на биткоин.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -