Кина го произведе најголемиот робот со четири нозе во светот

- Advertisement -

Кинески Global Times објави дека земјата го произвела најголемиот електричен робот со четири нозе во светот. Станува збор за бионички робот кој изгледа огромно, а е дел од напорите за Кина да стане глобален лидер во роботиката до 2025 година, но и во воената технологија.

Иако е голем и гломазен, роботот може да се движи напред и назад, да се врти и да оди дијагонално. Освен тоа, роботот може да трча и да скока благодарение на 12 сетови зглобни модули. Опремен е со сензори за да се снаоѓа во околината, а може да се прилагоди на различен терен како скалила, канали, карпи, калливи патишта, пустини, снег и сл. Битен факт е можноста за наоружување на роботот.

- Advertisement -

Роботот може да носи до 160 кг товар и да достигне брзина на движење од 10 км/ч. Се очекува дека ќе биде дел од извидниците во сложени средини, како што се оддалечени погранични региони и многу ризични борбени зони. Роботот може да собира и тактички информации на бојното поле.

Покрај тоа, роботот може да се користи за транспорт на опрема, муниција и храна на различни локации кои се тешко достапни или недостапни со конвенционални возила.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: China Central Television)

Сподели!
- Advertisement -