16.000 граѓани добиле отказ бидејќи нивните работодавали биле сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот и повеќе не можеле да им обезбедат редовни плати. Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и се движи околу 40 илјади лица. Во Агенцијата за вработување има 185 илјади неваработени од кои 131 илјада се активни а 54 илјади се пасивни баратели на работа.
Пандемијата на коронавирусот која сериозно ја стресе домашната но и светската економија е директна причина за отказ на 16 илјади лица, покажуваат официјалните бројки на Агенцијата за вработување. Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и дека од почетокот на пандемијата во државата и прогласувањето на кризната состојба во Македонија на 11 март минатата година досега работното место го загубиле околу 40 илјади граѓани.
Во моментов во датабазите на Агенцијата има 185 илјади неварботени од кои 131 илјада се активни баратели а 54 илјади се пасивни баратели на работа и се пријавуваат на секои шест месеци.
Денеска надлежните ги презентираа резултатите од Оперативниот план со кој се ублажуваа последиците од коронавирусот во економскиот сектор а бројките покажуваат дека активните мерки и програми за вработување минатата година опфатиле 11.292 лица а планот бил реализиран со високи 96,4 отсто.
Преку овој оперативен план како помош се реализирани 1 милијарда и 495 милиони денари од кои 593 милиони биле наменети за директно креирање нови работни места.