Падот на биткоин сруши 30.000 милионери

- Advertisement -

Неодамнешната корекција на цената на биткоин има повеќе жртви и големи загуби кај инвеститорите. Според податоците на Finbold, помеѓу октомври 2021 и јануари 2022 бројот на биткоин адреси со повеќе од милион долари е намален за 28.186, односно за 24,2%. Тоа значи дека листата на оние кои се збогатија со биткоин е далеку пократка ако се анализираат последните три месеци.

Wallets, односно парите на кои стои состојбата на криптовалутата, на кои имаше повеќе од 100.000 долари забележа пад од 32% од 10.319 на 7.0008. Во моментов е невозможно да се одреди кои сопственици претрпеа загуби поради анонимноста која е одлика на биткоин.

- Advertisement -

Според истражувањата, компбинацијата на фактори како што се регулаторни истраги, турболентен пазар, геополитички немири и ковид имаат негативно влијание на вредноста на биткоин како имот. Но, и покрај нестабилниот почеток на годината, голем број на аналитичари и натаму ја бранат инвестицијата во биткоин како заштита од растечката инфлација.

Фото – Freepik

Сподели!
- Advertisement -