Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

- Advertisement -

Владата на денешната осма седница донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините.

Како што соопшти владината Прес-служба, со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст, како акциски попуст, снижувања или распродажба, кои важеле на 1 декември 2021 година.

- Advertisement -

Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година, се додава во соопштението.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека ресорното Министерството доставило одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година.

Сподели!
- Advertisement -