Робот успешно направи операција на свињи

- Advertisement -


Роботот наречен STAR изврши операција на животни со минимална човечка асистенција. Станува збор за роботот Smart Tissue Autonomous Robot или скратено STAR, кој успешно изврши лапароскопска операција на четири свињи и успешно поврза два краја на цревата. Ова е прв ваков успешен зафат направен од страна на робот.

Истражувачите од Универзитетот Џон Хопкинс, кои го направија роботот, изјавија дека роботот го направил зафатот главно самостојно и дека овие тестирања може да резултираат со употреба на роботи за операции на луѓе.

- Advertisement -

Роботот направил вкупно 86 шевови, сам работел 2/3 од времето, додека во остатокот му асистирал човек со мануелно наведување на машината. Кога направиле проверка на шевовите после операцијата било утврдено дека роботот завршил значително подобра работа отколку луѓето кај истата процедура.

Оваа операција е чекор напред во однос на 2016 година, кога робот извлече црево од тело на животно и го заши, но овој пат роботот го направи шиењето со утробата на животното преку мал отвор. Оваа операција е потешка затоа што внатрешните органи не се стационарни, туку ритмички се движат. И најмало движење на рака или погрешно поставен шев може да доведе до излевање на цревата и потенцијално катастрофални последици по пациентот.

- Advertisement -

Софтверот кој го користеле му овозможува на STAR да планира, да прилагодува и да извршува хируршки план во реално време, исто како човек-хирург. Оваа способност е од особена васжност кога се оперира меко ткиво.

Истражувачите планираат да го научат роботот да прави се поголеми делови од операциите сам се додека не може самостојно да ја изврши целата постапка од почеток до крај. Тие веруваат дека за 5 години отсега ќе може да се прават првите тестирања на луѓе.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -