Објавени новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на Одлуката од 24.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.

Од 1.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                              79,50              (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС – 98                             81,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        71,50              (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                        44,722           (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,601 %, кај дизелот за 0,766 % , кај екстра лесното масло за 0,086 % и кај мазутот за 0,271 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,005 %  .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 24.1.2022) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk

Сподели!
- Advertisement -