Ова е најпродаваниот парфем во светот- секои 3 секунди се продава по едно шише

- Advertisement -

Парфемите на модната куќа Dior се омилени на многумина, а според пазарните резултати, еден од нив е особено популарен. Имено, Dior Sauvage стана најпродаваниот парфем во светот, вклучувајќи ги и машките и женските мириси.

Парфемот настанал во 2015 година и е креација на Франсоа Демаши, кој тогаш создавал парфеми за Dior и се одлучил за живи и богати ноти на портокал и бергамот, како и пудрести и дрвенести ноти. Интензивниот и моќен мирис е богат со сурови материјали, кои ги изненадија и ги освоија обожавателите од целиот свет.

- Advertisement -

Sauvage Universe е поделен на четири дела, кои се разликуваат по интензитет – Sauvage, Sauvage Eau de Toilette, Sauvage Parfum и Sauvage Elixir, кој е најјак по интензитет. Elixir е посебен по тоа што ги надминува границите на концентрацијата на парфем во мирисот.

Станува збор за феноменалниот машки мирис, кој прв пат во 2021 година го зазеде првото место како најпродаван парфем во светот. Досега првото место без исклучок го држеа женски парфеми. Победничката положба на Dior Sauvage значи дека минатата година секои 3 секунди се продавало по едно шише парфем.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Dior Instagram)

Сподели!
- Advertisement -