Измените на Законот за минимална плата влегуваат во Собрание

- Advertisement -

Предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата влегува во Парламентот.

Веста на официјлната страна на Фејсбук ја објавија од ССМ, неколку минути откако почна состанокот на економско -социјалниот совет во Владата, каде трите страни, синдикатите, работодавачите и Владата треба да се договорат околу методологијата за зголемување на минималецот.

- Advertisement -

Од ССМ велат дека измените на Законот за минимална плата е веќе ставен на Дневен ред во Парламентот.

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери на 62 седница на Собранието во скратена постапка, по предлог на двајца пратеници, како 7 точка на Дневниот ред го стави предлогот на ССМ за измени и дополнување на Законот за минималната плата со што се отвара патот, пратениците веднаш да го усвојат истиот и да и со тоа да овозможат минималната плата да изнесува 18.000 денари и истата да не изнесува помалку од 60% од просечната плата, а со тоа да се овозможи и останатите плати скалесто да се зголемат. Ги охрабруваме сите пратеници да го следат примерот на пратениците кои веќе јавно го поддржаа предлогот на ССМ, да ги поддржат работниците, а не сакаме да веруваме дека има пратеник кој ќе гласа спротивно на егзистенцијалните потреби на работниците“, стои во објавата на ССМ.

- Advertisement -

Според информациите објавени на веб страницата на Собранието на Република Северна Македонија, предлог измените на Законот за минимална плата по скратена постапка ќе се разгледуваат на седницата закажана за 10 февруари во 11 часот.

Сподели!
- Advertisement -