Иновативни капсули овозможуваат примање на mRNA вакцини преку уста

- Advertisement -


Нова студија на истражувачи од МИТ покажа нов начин за давање на mRNA вакцини директно преку дигестивниот тракт со користење на капсула. Истражувачите посочуваат дека овој систем за орално примање на вакцините е уникатен начин за примање на mRNA терапии директно во стомакот.

Бидејќи нашиот дигестивен систем е полн со моќни киселини кои ја разложуваат храната, оралните лекови честопати имаат потреба од заштитна обвивка за да поминат низ стомакот. Некои лекови како инсулинот мора да се инјектираат со години не успеваат да најдат ефективни начини за примање орално.

- Advertisement -

Пред неколку години истражувачи од МИТ открија уникатен метод за давање на лековите орално. Нивната иновација е мала капсула обложена со микроигли. Кога ќе дојде во цревата капсулата ја инјектира содржината која се наоѓа во неа во ѕидовите на цревата и потоа поминува низ дигестивниот систем без да нанесе каква било штета.

Во 2019 година истражувачите покажаа како капсулата ефективно инјектира инсулин кај животни. При експериментите на свињи истражувачите откриле дека капсулата може да ја инјектира истата количина инсулин во крвотокот како и стандардните инјекции.

- Advertisement -

Сега поради пандемијата на КОВИД-19 истражувачите правеле тестирања со вакцини против корона вирусот и покажале дека нивниот иновативен систем функционира и со mRNA молекулите.

„Нуклеични киселини, особено RNA, може да биде особено осетлива на деградација, посебно во дигестивниот систем. За да се надмине тој предизвик се применуваат различни пристапи во терапијата, вклучувајќи и потенцијална вакцинација преку уста“ вели Џовани Травесро, еден од авторите на студијата.

- Advertisement -

Најпрвин научниците создале нов вид на наночестичка за да ја држи mRNA. Таа наночестичка е дизајнирана за поефикасно да навлегува во клетките и да ја испушта mRNA вакцината, што значи дека помалку наночестички се потребни за да се добие терапевтски ефект.

Откако ги спакувале наночестичките во капсулите со микроигли, ги тестирале на животни. Експериментите на свињи покажале дека клетките на стомакот успешно ги примаат mRNA молекулите и ги произведуваат соодветните протеини. Алекс Абрамсон, друг автор на студијата, вели дека има уште работа за да се утврди дали mRNA вакцините администрирани на овој начин можат да поттикнат соодветен имунолошки одговор, но смета дека може да успее поради огромниот број клетки на имунолошкиот систем кои се наоѓаат во гастроинтестиналниот тракт.

Студијата е објавена во весникот Matter.

(New Atlas)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -