Речиси 7.000 компании ставиле клуч на врата во 2021 година

- Advertisement -

Речиси 7.000 компании ставиле клуч на врата минатата година, или скоро 700 повеќе во однос на 2020-та. 

Податоците од Централниот Регистар покажуваат  дека корона пандемијата најмногу ги погодила угостителските објекти и трговците на големо и мало. Се затвориле вкупно 343 ресторани и објекти за послужување храна, како и 181 субјект за послужување пијалоци, 282 неспецијализирани продавници за продажба на храна, пијалоци и тутун, 130 од друга трговија на мало, специјализирани продавници за зеленчук, мебел, градежни материјали, за производоство и продажба на месо,  трговија на мало со облека, обувки, играчки,  аптеки и слично. 

- Advertisement -

Кризата не поштеди ниту еден бизнис. За една година клуч на врата ставиле и 15 фабрики за произивдоство на текстил, облека и обувки.. Во истиот период, згаснале и 190 фризерски салони и  34 за нега и  разубавување на тело. 

Во 2021 та се основале и над 8.600 фирми. Активни биле 116.140 компании, од кои 68% се трговски друштва. 

- Advertisement -

Ако се споредат бројките по години, најмногу компании, над 10,5 илјади затвориле во 2017-та година. 

Инаку, за една година, според бројките на Агенцијата за вработување, без работа само поради ковид пандемијата останеле 16,000 лица. 

- Advertisement -

Извор- ТВ Сител

Фото – StockSnap

Сподели!
- Advertisement -