Измамници на социјалните мрежи во 2021 година украле најмалку 770 милиони долари

- Advertisement -

Измамите на социјалните мрежи се во пораст, а измамниците успеале да украдат стотици милиони долари. Минатата година била успешна за таквите измамници, а според податоците на агенцијата FTC, над 95.000 луѓе изгубиле вкупно 770 милиони долари поради измамници кои ги пронашле и ги излажале. Тоа е повеќе од дупло во однос на 258 милиони долари кои измамниците ги украле во 2020 година.

Извештајот на FTC не наведува зошто дошло до толку голем скок во 2021 година, но соопштија дека бројот на пријавени измами значително пораснал во последните 5 години. Исто така, забележан е огромен раст на измамите кои се однесуваат на лажни инвестиции во криптовалути, а на тие инвестициски измами отпаѓа речиси една третина од вкупно 770 милиони долари – 285 милиони долари.

- Advertisement -

Исто така, зголемен е и бројот на т.н. романтични измами. Како што пишува во извештајот, таквите измами обично почнуваат кога пријателски настроена личност ќе му се јави на корисникот, потоа следува пријатен разговор, а на крај и барање на пари. Доминираат и измамите врзани за онлајн шопинг, а главно станува збор за недоставени производи кои се купени на основа на реклами на социјалните мрежи.

Facebook и Instagram се единствените платформи наведени во извештајот. Над една третина од луѓето кои биле измамени во онлајн романси во 2021 година тврдат дека се почнало на Facebook и Instagram, откриваат од FTC. Овие платформи исто така се и најчесто место за измами кои се однесуваат на недоставување купена роба.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -