Facebook по прв пат во своето постоење има пад на бројот на корисници

- Advertisement -

Facebook по прв пат од својата 18-годишна историја забележа пад на бројот на активни дневни корисници. Матичната компанија на Facebook, Meta, објави дека бројот на дневно активни корисници за три месеци паднал од 1,930 на 1,929 милијарди.

Компанијата откри дека забавува растот на нивните приходи додека се соочува со конкуренцијата и ривали од типот на TikTok и YouTube, a и огласувачите трошеле помалку пари.

- Advertisement -

Акциите на компанијата Meta паднале за над 20%, а тоа резултирало со губење на пазарната вредност, која изнесува околу 200 милијарди долари.

Меѓутоа, дошло и до пад на вредноста на другите платформи како Twitter, Snap и Piterest.Марк Цукерберг изјави дека падот е резултат на тоа што корисниците, особено младите, преминале на страната на ривалите.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -