Сестрите Надица и Верица Горгиеви го создадоа ChiaDia, иновативен здрав пијалок без шеќери и адитиви

- Advertisement -

Надица и Верица Горгиеви се сестри кои својот животен стил посветен на здравиот живот и здравата исхрана ги поттикна да започнат една приказна наречена ChiaDia. Се работи за нов и иновативен здрав пијалок на база на чиа, со четири различни вкусови, без шеќери и адитиви, наменет за сите потрошувачи кои се грижат за своето здравје.

Создавањето на здрав и енергетски пијалок, за Надица и Верица било предизвик, особено во времето на пандемијата на Ковид 19, кога сите имаме потреба од зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на физичкото здравје. Надица, во интервју за „Иновативност“ вели дека една од нивните главни цели е и едукација на младите кои последните години се преплавени од енергетски пијалоци полни со адитиви, за бенефитот од консумирање здрави напивки.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Надица, кажете ни нешто за вашиот нов енергетски пијалок на база на чиа, што ве инспирираше да создадете токму ваков пијалок?

- Advertisement -

Главната инспирација да го создадеме и лансираме овој иновативен безалкохолен чиа пијалок на нашиот пазар е поради мултифункционалните бенефити кои што ги содржи во својот состав. Истражувајќи ги благодетите на чиа семето во пијалок ги воочивме здравствените придобивки, поради што се решивме заедно со мојата сестра Верица да аплицираме на повикот „Стартап Херои“ креиран од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, а со поддршка на „Тинекс“.

По одобрувањето на проектот, започнавме со реализација на идејата и создавање на брендот ChiaDía кој се стреми кон квалитетен животен стил и подобрување на навиките за конзумирање на енергетски здрави безалкохолни пијалоци, без додадени шеќери, адитиви и конзерванси. Уникатниот вкус и текстура, овозможува ексклузивитет и позитивно искуство на секој потрошувач. Со конзумирање на овој освежителен чиа пијалок се внесуваат есенцијалните макроелементи кои даваат чувство на ситост, зголемена енергичност и виталност во текот на целиот ден.

- Advertisement -

Кои се бенефитите од консумација на овој пијалок, какви состојки користите во производството?

Нашиот енергетски пијалок е базиран на органско чиа семе во комбинација со различни цитрусни и црвени овошја, засладени со органски агаве сируп, без додаток на вештачки бои и шеќери. Потрошувачите ќе можат да бираат меѓу четирите вида на чиа пијалок, црвена рибизла и мента, ѓумбир и лимон, јагода и лимета, во зависност од нивните преференции во поглед на вкус и ефектот кој сакат да го добијат.

Што се однесува до придобивките, тие се многубројни. Сакаме да стакнеме дека пијалокот придонесува за согорување на масти и брза абсорпција на хранливи материи, изобилува со протеини, влакна, омега 3, витамин Ц, железо, калциум, калиум и сл. Пијалокот, а пред се чиа семето, според истажувањата овозможува целосна детоксикација на телото и го регулира крвниот притисок и работата на срцето. Овој пијалок е вегански и погоден за оние лица кои избегнуваат да користат производи со додадени шеќери.

Дали имате некоја посебна технологија на подготовка, што е тоа што пијалокот го прави иновативен?

Со оглед на тоа што овој тип на пијалок ќе биде прв македонски производ од ваков вид, секако дека бара и поразлична технологија и начин на подготовка. Иновативноста пред сè е во составот и функционалноста на пијалокот односно природните состојки кои ги содржи и со самото тоа што ќе се појавиме на пазарот со природен, здрав чиа пијалок кој дава енергија и ефикасност со редовна конзумација. Сето ова потрошувачот го добива по пристапна цена. Исто така ќе се стремиме и кон постојано имплементирање на иновативни решенија за подобрување на целокупниот производствен процес.

За кого е наменет вашиот пијалок, дали можат да го консумираат и помладите генерации кои во последните години се многу навлечени на енергетски пијалоци полни со адитиви, конзерванси и други додатоци?

Пијалокот го таргетира целокупното население, со посебен акцент на физички активни лица, спортисти, фитнес љубители и сите оние кои со голема посветеност се грижат за своето физичко и ментално здравје и често конзумираат здрави продукти и пијалоци. Ова е пијалок кој е здрав и безбеден, без никакви адитиви, што го прави нашиот ChiaDia вистинското решение за сите, достапно низ маркетите на Тинкес како и онлајн.

Посебно се осврнуваме и кон помладата генерација која е склона на стандардните енергетски пијалоци кои не делуваат позитивно врз имунитетот. Затоа и наша главна цел е кај оваа група на потрошувачи да ја зголемиме свеста за сите придобивки од конзумирањето на чиа пијалокот кој дава чувство на лесностија и подобрено здравје.

Што вели вашето искуство, дали скопјани почитуваат здрава храна и пијалоци?

Интересот за здрава храна, а вооедно и пијалоци, од ден на ден е сè поголем. Потрошувачите сè повеќе избираат продукти кои не содржат додадени шеќери во себе. Исто така, сè поголема е публиката на млади луѓе кои сакаат да излегуваат и да се забавуваат, но не преферираат да консумираат алкохол. За нив ChiaDia е совршена алтернатива.

Очекуваме во иднина потрошувачите сè поголема предност да им даваат на пијалоците базирани на природни состојки без адитиви, конзерванси и вештачки бои. Наша цел е да ги стимулираме сите они кои се двоумат да ја променат перцепцијата за конзумирање на здрави пијалоци, да ги вкусат и да ги инкорпорираат во секојдневните активности со цел да останат фит, сити и здрави. Без разлика каков е нивниот начин на живот, ChiaDia може да се вклопи во секоја дневна рутина и на потрошувачите на им помогне да останат енергични и витални.

Сподели!
- Advertisement -