Студенти од Финки и Економски факултет – Скопје развија веб екстензија за бесплатна проверка на е-продавници

- Advertisement -

Со појавата на нерегистрираните продавници на социјалните медиуми, граѓаните се сè повеќе изложени на ризик од купување од нерегистрирани е-трговци и сè повеќе се согледува проблемот на сивата економија во нашето општество. За да се развијат иновативни решенија кои ќе помогнат за намалување на сивата економија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во мај 2021 година, оргнанизираше онлајн хакатон каде што студентите од Економски факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, што беа дел од него, имаа задача во текот на 48 часа да развијат креираат решенија кои ќе придонесат за детектирање на сивата економија во е-трговијата и ќе делуваат корективно, преку вклучување на самите граѓани и е-купувачи.

“Провери продавница” – https://proveriprodavnica.com е едно од трите победнички решенија на хакатонот, за кое тимот составен од 5 студенти од  Економски факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ доби парична награда од 1000 евра со цел да се овозможи реализација на решението. Се работи за идеја создадена од студентите Симеон Маркоски и Фидан Стоименов од ФИНКИ и Даниела Мурџеска, Драгана Нелоска и Габриела Козарова од Економски факултет при УКИМ.  

- Advertisement -

“Провери продавница” – https://proveriprodavnica.com е нова веб платформа на македонскиот пазар која им овозможува побезбедно онлајн купување  на потрошувачите преку автоматска проверка на сигурноста на веб страниците. Потрошувачот кој сака да купува онлајн може да го направи тоа преку оваа платформа преземајќи ја бесплатната екстензија. Задачата на екстензијата е автоматски да даде податоци и рецензии за веб страниците кои се предмет на интерес кај потрошувачите. Користењето на ваква екстензија го прави купувањето побезбедно и подоверливо, a нејзината инсталација е целосно бесплатна и се одвива преку најкористениот интернет пребарувач Google Chrome. Екстензијата всушност детектира сомнителни е-трговци, го предупредува потрошувачот пред секое посетување на сомнителна интернет продавница и визуелно ја прикажува валидноста на самата е-продавница преку нејзина автоматска проверка.

Поконкретно, се работи за непрофитен проект кој има за цел да придонесе за доброто на сите онлајн купувачи и да даде придонес во однос на намалување на проблемот со сивата економија во е-трговијата. Дополнително, овозможувањето граѓаните да се чувствуваат посигурно при онлајн купувањето, може значително да влијае на обемот на онлајн купување во нашата земја.

- Advertisement -

Платформата е веќе активна и започнува да се користи, па секој има можност да направи инсталација на екстензијата или да се информира за рецензиите за некоја веб страна за која е заинтересиран. Платформата ја врши автоматската проверка преку црпење податоци за регистрираните и верификуваните е-трговци од регистарот на АЕТМ, поточно од веб платформата ecommerce4all.mk. Постапката е на принцип на вчитување на страните и проверка дали веб страната ги содржи потребните податоци кои секоја фирма законски треба да ги поседува.

Повеќе информации за бесплатната екстензија може да се прочитаат на: https://proveriprodavnica.com

Сподели!
- Advertisement -