Инвеститорите веруваат дека вредноста на биткоин за 6 месеци ќе надмине 55.000 долари

- Advertisement -

Изгледа дека сопствениците на биткоин се навикнаа на волатилноста на криптовалутата и иако сигурно не им е сеедно, многумина не се толку загрижени за иднината на биткоин затоа што историјата покажа дека после големиот пад секогаш следува голем раст. Се разбира, тоа не мора секогаш да биде така, но истражувањето кое го спроведе Morning Consult во САД неодамна покажа дека сопствениците на оваа криптовалута се прилично позитивни и покрај големиот пад на вредноста и и понатаму се заинтересирани за купување биткоин.

Водејќи се според мантрата buying the dip, односно купување биткоин додека цената е ниска, речиси 21% од испитаниците размислување повторно да купат биткоин кога неговата вредност беше само 33.000 долари. Особено интересно е тоа што сличен процент размислувале за купување биткоин и на почетокот на декември минатата година, која вредноста на биткоин се приближи до 70.000 долари. Тоа значи дека интересот на луѓето не се намалува со падот на вредноста.

- Advertisement -

Од Morning Consult сметаат дека тоа е најдобар доказ дека денес инвеститорите во криптовалути се помалку нервозни во однос на претходните големи падови на вредноста. Во слична ситуација минатата година, откако криптовалутите забележаа нагли падoви, интересот за купување биткоин во мај паднал од 17% на 13%, а сега стои на стабилни 21%. Причината за тоа е искуството од претходните ситуации кога вредноста на криптовалутите се стабилизирала, па како што покажало ова истражување, сопствениците на биткоин веруваат дека за половина година отсега 1 биткоин ќе вреди над 55.000 долари.

Сопствениците на над 500 биткоини, пак се уште пооптимистични и веруваат дека вредноста на критповалутата за 6 месеци ќе надмине 62.000 долари. Истражувањето покажало и дека инвеститорите во криптовалути се дури 4 пати поспремни да прифатат финансиски ризик во споредба со остатокот од популацијата.

- Advertisement -

(Market Watch)

(фото: Quote Inspector)

Сподели!
- Advertisement -