Кои технолошки трендови треба да ги има компанија за да успее во 2022 година?

- Advertisement -

Секоја година има неколку технолошки трендови кои организациите не можат да си дозволат да ги игнорираат затоа што ќе имаат големо влијание во наредните 5 години. Најголем дел од компаниите сѐ уште не ги планираат во нивните стратешки цели денес, а секој од нив има значаен трансформациски потенцијал. Дознајте кои се 9-те технолошки трендови за 2022 година!

Извор –

- Advertisement -

Извор – Медиа Бреинстер, веб сајт на Некст Колеџ

Оваа година, трендовите може да се поделат во три тематски единици: фокусираност на луѓетонезависност од географска локација и отпорност при испорака.

- Advertisement -
  • Фокусираност на луѓето: Иако пандемијата промени колку луѓе работат и комуницираат во организациите, тие сè уште се во центарот на целиот бизнис. На нив им се потребни дигитализирани процеси за да функционираат во денешното опкружување.
  • Независност од географска локација: Ковид-19 промени каде вработените, клиентите, добавувачите и организациските екосистеми физички постојат. Независноста на локацијата бара промена на технологијата за поддршка на оваа нова ситуација во бизнисите.
  • Отпорност при испорака: Без разлика дали е пандемија или рецесија, нестабилноста постои во светот. Организациите кои се подготвени да се приспособат и да ги адаптираат производите ќе ги надминат сите видови на предизвици.

Како и секогаш, овие девет стратегиски технолошки трендови не фунцкионираат независно еден од друг, туку се градат и засилуваат меѓусебно. Заедно, овозможуваат организациска флексибилност која ќе им помогне на организациите во наредните 5 до 10 години. 

Тренд 1: Интернет на однесувања (Internet of Behaviours)

Интернетот на однесувања може да собира, комбинира и обработува податоци од различни извори, вклучувајќи: податоци за комерцијални клиенти; податоци за граѓаните обработени од јавниот сектор и владините организации; социјални медиуми; распоредување на препознавање на лица од јавен домен; и следење на локацијата. Зголемената софистицираност на технологијата што ги обработува овие податоци овозможува овој тренд да расте. Ова секако како тренд има етички и општествени импликации во зависност од целите и резултатите од индивидуалните употреби. 

- Advertisement -

Тренд 2: Целосно искуство (Total experience)

Целосното искуство комбинира различни аспекти: искуството на клиентите, искуството на вработените и корисничкото искуство за да го трансформира деловниот исход и ефектите од него. Целта е да се подобри целосното искуство каде што сите овие парчиња се вкрстуваат, од технологија до вработени, клиенти и корисници. Поврзувањето на сите овие искуства – наспроти поединечното подобрување на секое кога е потребно, го разликува бизнисот од конкурентите на начин што е тешко да се повтори, создавајќи одржлива конкурентна предност. Овој тренд им овозможува на организациите да профитираат во време на Ковид-19, вклучувајќи методи како работа на далечина, мобилни, виртуелни и дистрибуирани клиенти.

Тренд 3: Подобрување на приватноста во пресметувањата (Privacy-enhancing computation)

Овој тренд содржи три технологии кои ги штитат податоците додека се користат. Првиот обезбедува доверлива средина во која чувствителните податоци може да се обработуваат или анализираат. Вториот врши обработка и аналитика на децентрализиран начин. Третиот шифрира податоци и алгоритми пред обработка или аналитика.

Овој тренд им овозможува на организациите безбедно да соработуваат на истражувања низ различни региони и со конкуренти, без да ја жртвуваат доверливоста. Овој пристап е дизајниран специјално за зголемената потреба за споделување податоци притоа водејќи грижа за приватноста и безбедноста.

Тренд 4: Дистрибуирани облак (Distributed cloud)

Дистрибуираниот облак е местото каде облак услугите се дистрибуираат на различни физички локации, но работата, управувањето и еволуцијата остануваат како одговорност на оној кој го сервисира облакот. Дистрибуираниот облак е иднината на облакот.

Тренд 5: Фунционирање од било каде (Anywhere operations)

Моделот на функционирање од каде било ќе биде од витално значење за бизнисите успешно да излезат од кризата со Ковид-19. Во суштина, овој оперативен модел овозможува пристап до бизнисот и работа на него каде што клиентите, работодавците и деловните партнери работат во физички оддалечени средини. 

Тренд 6: Безбедност во мрежа (Cybersecurity mesh)

Безбедност во мрежа е дистрибуиран пристап за поскалабилна, флексибилна и стабилна контрола на безбедноста. Оваа безбедност во мрежа обезбедува периметарот за безбедност да биде дефиниран околу идентитетот на личноста или на работата која се анализира. Вклучува модуларен и одговорен безбедносен пристап, централизирајќи ги политиките. 

Тренд 7: Интелигентна компонирачка работа (Intelligent composable business)

Интелигентна  компонирачка работа е сѐ она што може да се прилагоди и суштински да се преуреди врз основа на моменталната ситуација. Бидејќи организациите ја забрзуваат дигиталната деловна стратегија за побрза дигитална трансформација, тие треба да бидат агилни и да донесуваат брзи деловни одлуки информирани од моментално достапните податоци.

Тренд 8: Инженерство со помош на вештачка интелигеција (AI engineering)

Цврстата инженерска стратегија за вештачка интелигенција ќе ги олесни перформансите, приспособливоста, толкувањето и доверливоста на моделите со вештачка интелигенција, истовремено обезбедувајќи ја целосната вредност на инвестициите во вештачката интелигенција. Проектите за вештачка интелигенција често се соочуваат со проблеми со одржливост, приспособливост и управување, што ги прави предизвик за повеќето организации.

Тренд 9: Хиперавтоматизација (Hyperautomation)

Хиперавтоматизацијата е идејата дека сè што може да се автоматизира во една организација треба да се автоматизира. Хиперавтоматизацијата е управувана од организации кои имаат наследни деловни процеси кои не се рационализирани, што создава неизмерно скапи и обемни проблеми за организациите.

Прочитајте повеќе за технолошките трендови за 2021 година следниот линк: https://www.gartner.com/smarterwithgartner/gartner-top-strategic-technology-trends-for-2021 или пак слушнете повеќе и на следното видео: https://www.youtube.com/watch?v=s3rlYWcwdDY&t=1s 

Сподели!
- Advertisement -