Tip of the week- Блокирање

- Advertisement -

Ако се прашувате дали е ОК или не, да ги блокирате луѓето на социјалните медиуми, всушност, можете да се запрашате дали е ОК или не да ги игнорирате луѓето воопшто.

Игнорирањето на луѓето не е нешто со кое се соочувате секојдневно во животот, бидејќи во реалноста, генерално, постои линија кога можеме да игнорираме некого и кога колку и да сакаме да игнорираме, едноставно не можеме/смееме. Ако е само познаник, тогаш едноставно ќе направите сè за да може да не се сретнете со таа личност, но ако е соработник или некој со кого сме принудени да комуницираме, немаме многу избор.

- Advertisement -

Ако, пак, правиме муабет за социјалните медиуми, позадината на блокирањето/игнорирањето е сосема друга. Поделени се мислењата околу тоа дали блокирањето на социјалните медиуми е ОК или не, но едно јасно, блокирањето на социјални медиуми, многу логично доведува и до блокирање/игнорирање на истата таа личност и во реалниот живот. Тргнувајќи од тоа дека што правите на социјалните медиуми, ве одразува вас и во личниот живот, мислам дека блокирањето е генерално незрело, бидејќи не ги решава и/или отстранува проблемите. Дополнително на ова, ако ја дефинираме зрелоста како преземање на одговорност, вина кога е потребно, решавање на проблеми итн. блокирањето е еден од најмалку зрелите начини за справување со сето ова.

Блокирањето/игнорирањето:

- Advertisement -
  • Не ги решава проблемите туку баш напротив, ги става под чергиче и кога-тогаш, ќе се појават на виделина, но тогаш ќе бидат многу поголеми.
  • Не го средува вашиот однос со луѓето, туку баш напротив, ги продлабочува јазовите кои постоеле или со самото блокирање сте ги отвориле уште повеќе.
  • Не ве прави храбар или скромен, туку ве прави арогантен и слаб во комуникацијата, нешто што ве позиционира на неубав начин во општеството.
  • Не ви дозволува да простите туку баш напротив, со самото блокирање, јазот кој постоел помеѓу вас само го продлабочувате и можноста за простување и извинување само се оддалечува, а непријателството само се зголемува и уште повеќе.
  • Не ви овозможува да ја разберете другата страна, а со тоа и да пробате да ја уверите во (не)исправноста на исказите или да се уверите самите дека можеби сте погрешиле и да си признаете на самите дека сте погрешиле, а на соговорникот дека е во право.
  • Нема да ви помогне да станете посилни и зрели како личност. Луѓето кои се потпираат на блокирање на социјалните медиуми имаат тенденција да се потпрат на блокирање и игнорирање и во секојдневниот живот, односно ве прави личност која едноставно не сака да се справи со какви било прашања, потешкотија или несогласување.

Блокирањето е најчесто искористено како форма на одмазда, но ако го имаме сето ова горе предвид, не се одмаздувате на другите туку си се одмаздувате сами себеси, си правите лошо сами на себе! Блокирањето/игнорирањето е лесно, но последиците се долгорочни. Затоа, следниот пат, кога ќе сакате да блокирате некого, убаво размислете пред да го притиснете копчето!

Со успех во промените

- Advertisement -

@kalinbabusku

 

Сподели!
- Advertisement -