Студентскиот инженерски натпревар – ЕВЕС 2022 годинава во живо од 28 февруари до 4 март

- Advertisement -

Дали си креативна личност, но не си имал можност да ја истакнеш таа твоја особина? Или пак, бараш уште некоја прилика светот да го запознаеш со твојата генијалност? Имаш одлични тимски способности и колеги со кои би ги испробал?

Во тој случај, EBEC е твојот вистински предизвик.

- Advertisement -

EBEC или European BEST Engineering Competition е настан наменет за поттикнување на креативно решавање на комплексни проблеми преку тимска и практична работа.

Ова е настан на кој му е потребна твојата иновативност како и твоите тимски и логички способности.

- Advertisement -

Се прашуваш како изгледа целиот натпревар?

Предизвикан си во две категории, Case Study и Innovative Design.

- Advertisement -

Во Case Study ќе се посветите на теоретско решение базирано на реален проблем од инженерството, кое потоа треба да се тестира и презентира, а притоа да биде поткрепено со факти и елементи кои вистински го покриваат проблемот.

За Innovative Design треба да смислите нови технолошки дизајни/решенија или да подобрите веќе постоечки дизајни/решенија. Подготвувате презентација или прототип на дизајнот/решението и го демонстрирате техничкото, социјалното, еколошкото и економското влијание на дизајнот/решението.

Задачите и проблемите со кои ќе се соочите, ќе бидат зададени од страна на партнер-компаниите. Вашата работа ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од партнер-компаниите, како и професори од техничките факултети при УКИМ.

Победниците од локалното ниво продолжуваат на регионално ниво, од каде што имаат шанса да одат на финалното, европско ниво, со што имаат одлична можност да се запознаат со млади луѓе од други европски земји и да искусат поинаква работна средина.

За учество на EBEC собирате тим од четворица колеги, правите стратегија и ги истакнувате своите способности со решавање на инженерски проблеми, а воедно имате прилика да се запознаете со претставници од партнер-компаниите на EBEC 2022, Mikrosam и Јohnson Matthey.Воспоставувањето на директен контакт помеѓу студентите и компаниите е клучен дел од остварувањето нашата основна цел, поттикнување на самостоен развој на студентите надвор од факултетот.

Доколку немаш тим, можеш да се пријавиш сам на формата, а потоа ние ќе те информираме за тимот кој ќе го креиркаме за тебе.

Форма кон пријавување на тим или единствн учесник: https://forms.gle/49xoj2RMyrmEUZme7

Оваа година БЕСТ Скопје цели кон одржување на EBEC во живо, во периодот од 28.02.2022 до 04.03.2022.

Не ја пропуштај шансата да бидеш дел од овој незаборавен настан, да ги испробаш твоите способности, да се запознаеш со претставниците од компаниите како и врвни инженери од различни области.

За повеќе информации околу пријавувањето и други изненадувања, следи нѐ на нашите социјални мрежи и на Facebook настанот за EBEC 2022.

Facebook настан: https://fb.me/e/1w9YXgC1U

 Instagram -> instagram.com/bestskopje/

Facebook -> https://www.facebook.com/bestskopje

LinkedIn -> https://www.linkedin.com/company/best-skopje/

Сподели!
- Advertisement -