Facebook и Instagram се гасат во Европа?!

- Advertisement -

Компанијата Meta предупредува дека поради новите европски прописи за заштита на податоци може да ги згасне своите социјални платформи за корисниците во Европа. Facebook и Instagram се прифатени како нешто постојано и би ни било тешко да замислиме што би се случило кога популарните социјални мрежи на Metа одеднаш не можеме да ги користиме.

Во својот најнов извештај поднесен до Комисијата за хартии од вредност Meta ја најави таквата можност доколку Европската унија забрани споделување податоци на корисниците помеѓу САД и ЕУ. Тоа веќе долго време се најавува од страна на Европскиот парламент од друг пакет мерки кој ќе го ограничи споделувањето податоци од европските корисници со американските инситутции и компании, како и ќе го забрани следењето на корисниците со цел дистрибуирање персонализирани огласи и слично.

- Advertisement -

Ако не можеме да пренесуваме податоци помеѓу земјите и регионите во кои работиме или ако ни е забрането споделување податоци меѓу нашите производи и услуги, тоа може да влијае на нашата способност за давање услуги и начинот на кој ги даваме услугите или нашата способност за таргетирани огласи, а на крај тоа може негативно да влијае на нашите финансиски резултати“ велат од Facebook.

Веруваме дека конечната одлука може да биде донесена веќе во првата половина од 2022 година Ако новата рамка за пренос на податоци не е усвоена и не можеме и понатаму да се потпираме на други алтернативни начини на пренос на податоци од Европа и САД, веројатно нема да можеме да понудиме повеќе од нашите назначајни проиводи и услуги, вклучувајќи ги и Instagrаm и Facebook во Европа, што материјално и штетно може да влијае на нашата работа, на финансиската состојба и на резултатите од работата“, предупредуваат од Meta.

Сподели!
- Advertisement -