Откриен ген битен за долговечен живот – староста ќе може да се лечи како болест?

- Advertisement -

Ретка варијанта на ген забележан кај луѓето кои доживеале 100 и повеќе години го забавува процесот на стареење, тврдат авторите на нова студија. Научниците кои ја спровеле студијата за да откријат кои механизми стојат зад ова сметаат дека новото откритие треба да овозможи развој на лекови против стареење.

Истражувањето на процесот на стареење и можноста за забавување на стареењето станува се попопуларна затоа што може да стане темел за лукративна anti-ageing индустрија. На пример, истражувањето покажало дека метформинот, еден од лековите за дијабетес, го продолжува животниот век на заболените од дијабетес за тие да живеат нешто пократко. Тој лек, наводно, е многу попопуларен меѓу милијардерите на Силиконската долина.

- Advertisement -

Една од метите на научнциите кои се занимаваат со стареењето, меѓу другото, е и генот Sirt6. Многу истражувања уште порано утврдиле дека активноста на тој ген, кој може да се најде кај луѓето, но и кај многу животни, е битна за клеточните функции и болестите, во поправањето на ДНК и дека се силно врзани за долговечноста. во новата студија Вера Горбунова од Универзитетот Рочестер во Њујорк и нејзините колеги одлучиле да ги пронајдат механизмите со кои тој делува на долговечноста затоа што тоа е клучно за евентуален развој на супстанции кои би можеле да имаат ефект на стареењето.

Истражувањето на молекуларните функции и улогите на Sirt6 во стареењето и долговечноста кај винските мушички дрософила покажало дека засилената експресија (overexpression – OE) на Sirt6 во експериментални услови влијае на животниот век кај пониските висококлеточни организми еукариоти, како и кај бројни посложени организми. Исто така, утврдило дека клучниот механизам со кој засилената експресија на dSirt6 предизвикува продолжување на животниот век ја потиснува активноста на транскрипција на dMyc, протеинот кој се врзува за создавањето бројни тумори кај луѓето.

- Advertisement -

Авторите истакнуваат дека едно од највозбудливите откритија дека зголемувањето на експресијата на генот Sirt6 го продолжува животниот век на глувците. Дополнително, авторите покажале дека експресијата на Sirt6, засилена со помош на системот за вклучување на генот GeneSwitch-GAL4, е доволна за продолжување на животниот век кај возрасните, а не исклучиво во текот на раните фази на развој. Тоа значи дека евентуалните лекови може да делуваат на траењето на животот дури и ако организмот не е програмиран за засилена експресија на Sirt6 во раната фаза од развојот. Имено, во сите досега спроведени истражуавња научниците генетски модифицирале животни така што инхерентно имале засилена експресија на Sirt6 и не им давале дополнитална терапија.

Интересно е тоа што кај глувците, на кои животниот век им е продолжен со помош на засилена експресија на Sirt6 во црниот дроб и белото масно ткиво, забележана е намалена фозфорилација на AKT, кој има клучна улога во повеќе клеточни процеси, како што е метаболизмот на глукозата и пролиферацијата, миграцијата и програмирањето на смртта на клетките.

- Advertisement -

(Index.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -