ВИДЕО: Најголемиот брусен дијамант во светот продаден за 3,8 милиони евра

- Advertisement -

„Енигма“, најголемиот бросен дијамант во светот од 555 карати, вчера беше продаден во Лондон за 3,8 милиони евра. Се верува дека реткиот црн или т.н. карбонада дијамант настанал која метеорит или астероид удрил во Земјата пред повеќе од 2,6 милијарди години.

Дијамантот достигна цена од 3,8 милиони евра на онлајн аукција, која беше одржана во познатата лондонска аукциска куќа Сотебис. Карбонада дијамантите обично се наоѓаат близу површината на Земјата, што укажува на вонземско потекло.

- Advertisement -

Се смета дека ова е специфичен вид на црн дијамант настанат или од метеорски удар или произведен со природно таложење на хемиски пареи или од вонземско потекло – од експлозија на супернова која формирала астероиди со дијаманти кои на крајот се судриле со Земјата.

На експертите им биле потребни три години за суровиот дијамант да го претворат во скапоцен камен со 55 плочки, а неодамна беше прикажан во Дубаи, ЛосАнџелес и во Лондон. Неговата форма е инспирирана од блискоисточниот симбол на моќ и заштита во форма на дланка, Хамза, кој исто така се поврзува и со бројот 5.

- Advertisement -

„Енигма“ не е дијамант со квалитет на скапоцен камен, а карбонадо инаку не се користи за накит ниту се продава на аукција и дури неодамна стана популарен. Обично се користи во индустриско дупчење поради исклучителната цврстина.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -