Што може да се добие од лушпите од јајца? Одговорот е плочки за ѕид

- Advertisement -

Секоја година нас 8,5 милиони тони лушпи од јајца се фрлаат и завршуваат на депонија. Иако многумина мислат дека се премногу кревки за да се користат како суровина за нешто, тие се богати со калциум и притодно отпрни на УВ зраци. Од 2000 година наваму Nature Squared работи со природни материјали кои ги рециклира, меѓу кои се лушпи од јајца, морски школки и пердуви и од нив прави артхитектонски производи. Главниот иноватор на Nature Squared, Илејн Јан Линг Нг, во 2020 година ги претстави CArrelé, колекција плочки направени од лушпи од јајца во различни бои и форми.

Инспирирани од употребата на лушпите од јајца во медицината, иновациите на Нг спречуваат да се акумулира биоотпад на депониите. Таа исто така ги засилува особините на калциумот кој е природно присутен во лушпите. Името CArrelé произлегува од францускиот збор за плочки и од хемискиот симбол за калциум.

- Advertisement -

За производство на плочките се рециклираат органски бели лушпи од јајца собрани од локалните пекарници и кујни на Филипините. Тие се дробат до парчиња со различна големина – од големина на зрно песок до парчиња од 3 мм. Така се создава природен изглед на мермер. Кога ќе се комбинираат со врзивна супстанција, се сечат во различни форми (квадрати, правоаголници и триаголници) и се оставаат да се сушат на собна температура.

Композитот има различна боја во зависност од третманот кој се користи. На пример, за земјени тонови се печат додека не се добие кремава до кафеава боја Лушпите од јајца добро впиваат и природни бои. Моментално тимот експериментира со природни бои како индиго, хлорофил и брош. Тие се додаваат во мешавината за да се добијат силна сина, зелена и розева боја.

- Advertisement -

Плочките CArrelé може да се користат за различна примена. Леснос е счистат и може да се ставаат на водени површини, па идеални се за кујни или ѕидови во бања. Освен за површини, од композитот CArrelé може да се прават и елегантни аксесоари како минималистички цилиндрични столови, бележници за книги, држачи за свеќи и послужавници.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -