НАСА објави нови фотографии од површината на Венера

- Advertisement -

Во декември минатата година соларната сонда Parker беше актуелна вест во целиот свет кога стана првото летало што допрело до Сонцето. Сега, сондата повторно го возбуди светот со неверојатните фотографии од површината на Венера, се вели во соопштението на НАСА.

Фотографиите од Венера се направени низ густи облаци, затоа што површината на таа планета е сокриена со густи облаци и тешко може да се види во нормални услови. Сепак, сондата Parker ја користела својата опција Wide-Field Imager (WISPR) за да види низ облаците и да ја фотографира темната страна од планетата. Објавените фотографии се направени во јули 2020 и во февруари 2021 година.

- Advertisement -

Фотографиите им помагаат на научниците подобро да ја разберат геологијата на планетата, минералниот состав и како се развивала планетата низ годините. Исто така, можеби ќе понудат одговор на прашањето зошто планета толку слична на Земјата станала опустошена, а Земјата се развила.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -