Научниците предупредуваат дека враќањето на старо може да резултира со 2 милиони мртви од КОВИД годишно

- Advertisement -

Враќањето на нормалната мобилност на населението во регионите каде што нема КОВИД, како што е Кина, би предизвикало околу 2 милиони смртни слуачи годишно, а клучно за контролата на вирусот е развојот на вакцина која подобро ја спречува заразата, предупредуваат кинески научници.

Кинеските ограничувања кои се последица на политиката на нулта толеранција на КОВИД-19 се повеќе се засилуваат последните недели додека Пекинг е домаќин на Зимските олимписки игри и користи сеопфатни ограничувања за да се обиде да спречи ширење на варијанатата омикрон.

- Advertisement -

Кинески научници и експерти за јавно здравство повторија дека потребно е да се одржуваат строги мерки на контрола и додадоа дека ризиците за пренос на вирусот се превисоки и дека масовната инфекција би била неподнослив притисок на здравствениот систем.

Научниците користеле студии од Чиле и од Велика Британија за да ја пресметаат почетната ефикасност на постојните вакцини – CoronaVac во случајот на Чиле и Pfizer и Oxford/AstraZenecа во Британија. Процениле дека почетната ефикасност на вакцините против симптоматската болест била 68,3%, додека почетната ефикасност на постојните вакцини против смрт била 86%.

- Advertisement -

Проценетата ефикасност против инфекцијата се базира на британски податоци, а делотворноста против симптоматската болест и смртта се базира на податоци од студија за Sinovac СоronaVac во Чиле. Но, дури и со глобалната стапка на вакцинирани од 95%, ако мобилноста на населението се врати на нивото од 2019 година, научниците процениле дека сите региони со нулта стапка на болеста КОВИД-19 забележале над 234 милиони инфекции во една година, вклучувајќи 64 милиони симптоматски случаи и 2 милиони смртни случаи.

За после враќањето на нормалната мобилност на населението да се намали инциденцијата на КОВИД-19 како таа кај грипот, ефикасноста на вакцините против инфекцијата треба да се зголеми на 40%, а ефикасноста против симптоматската болест на 90%. Велат дека е побитно новите вакцини да бидат поефикасни против инфекцијата отколку против симптоматската болест или смрт. Клучот за контрола на болеста КОВИД-19 лежи во развојот и широката употреба на вакцини кои се поефикасни во спречувањето на инфекцијата, вели кинескиот тим.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Plot Shnete)

Сподели!
- Advertisement -