Германија на 20 март целосно ги укинува епидемиолошките мерки

- Advertisement -

Германија планира да го прослави денот на слободата на 20 март кога треба да паднат сите епидемиолошки мерки, тврди весникот „Билд“.

Весникот наведува дека премиерите на покраините веќе подготвиле одлука со која се предвидува план за олеснување на мерките во три чекори.

- Advertisement -

Најпрвин ќе се ублажат мерките што се однесуваат на прославата во приватна средина. Во моментот има ограничување на бројот на присутни до максимум десет лица.

Се планира и укинување на контролата на статусот на вакцини за влез во продавниците.

- Advertisement -

Од 4 март треба да се укинат рестрикциите за угостителство и хотели, а планирано е и отворање на ноќните клубови.

Од тогаш во угостителството и хотелите ќе се применува правилото 3G, со кое невакцинираните ќе може да доаѓаат во кафулињата доколку имаат негативен тест.

- Advertisement -

Во дискотеките и ноќните клубови ќе им биде овозможен пристап на оние што биле вакцинирани и излекувани со актуелниот негативен тест или бустер-доза.

Исто така, големи настани, како фудбалски натпревари, ќе бидат отворени според правилото 2G или 2G plus.

Последните епидемиолошки мерки ќе паднат на 20 март кога ќе бидат укинати сите мерки за ограничување на слободата на граѓаните.

Сепак, обврската за носење маска ќе остане.

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -