Во Велика Британија откриен делтакрон, комбинација на делта и омикрон

- Advertisement -

Британските здравствени власти ја истражуваат новата варијанта на коронавирусот што комбинира карактеристики на омикрон со поопасната варијанта на делта, објавија британските медиуми.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство објави дека ја следи и истражува новата варијанта која е откриена во Велика Британија.

- Advertisement -

Конкретни детали за варијантата се’ уште не се објавени и не се знае колку случаи досега се откриени. Новата варијанта, позната и како делтакрон, досега не е идентификувана како варијанта што предизвикува загриженост.

Варијантата на омикрон за прв пат беше откриена во ноември 2021 година и брзо се рашири низ светот. Оттогаш, се покажа дека омикрон предизвикува генерално поблага клиничка болест во споредба со делта.

- Advertisement -

Извор – Макфакс

Сподели!
- Advertisement -