На Facebook му се заканува казна од милијарди долари

- Advertisement -

Тужбите и високите казни не се новина за Facebook, односно Metа, но последната тужба која е подигната против нив може да резултира со рекордна казна дури и за Цукерберг. Тужбата ја подигна државниот обвинител на сојузната држава Тексас, Кен Пакстон, а причината е илегалното собирање на биометриски податоци од корисниците без нивна дозвола. Во слична тужба во која Facebook се спогоди во Илиноис платија 650 милиони долари.

Откако Facebook ја претстави опцијата препознавање лице тој почна да ги собира тие биометриски податоци за корисниците без тие да дадат своја согласност. Исто така, собрани се биометриските податоци за луѓе кои дури не се корисници на нивните социјални мрежи, а кои се наоѓале на фотографии кои корисници на Facebook ги објавиле на мрежата.

- Advertisement -

Во тужбата се тврди дека Facebook собирал податоци за препознавање лице повеќе милијарди пати, односно секој пат кога некој објавил фотографија на таa социјална мрежа. Според законот за користење на биометриските податоци кој е на сила во Тексас, за секое незаконско собирање биометриски податоци и нивното споделување со трети страни казните се до 25.000 долари за секое кршење на законот.

Исто така, во тужбата се тврди дека Facebook го прекршил и законот за лажна трговска пракса, затоа што корисниците не биле предупредени дека нивните фотографии се користат за тренирање на вештачка интелигенција за AI дополнително повторно да може да ги препознае лицата од тие фотографии. За секој закон се бараат дополнителни 10.000 долари.

- Advertisement -

Со оглед на тоа сека споменатите закони се прекршени повеќе милијарди пати, јасно е дека на Metа и се заканува брутално висока казна. Станува збор за милијарди долари, изјави на прес-конференција Пекстон.

(Protocol)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -