Со години кружат гласини дека Apple подготвува автомобил, но и понатаму не е познато какви се плановите на Тим Кук. Во најдобро сценарио можеме да очекуваме електричен автомобил со логото јаболко до 2025 година, но неговото претставување може да се одложи и за некоја година.
Уште не се знае кој ќе биде партнер на компанијата за развој на возила, а прашањето дали ќе биде целосно автономен или само ќе има можност за одредена автономија.
Она што е познато е дека Apple веќе тестира технологија за беспилотни автомобили. Имено, компанијата која ја тестира автономната технологија мора да ги пријави податоците до одделот за моторни возила на сојузната држава Калифорнија.
Според податоците, Apple во Калифорнија има 37 возила со кои ја тестираат автономната технологија, а од нив минатата година користеле 53 возила. Тие во 2021 година поминале околу 21.000 автономни километри, при што пријавиле 662 инциденти, односно во толку случаи возачите морале да преземат контрола над возилата.
Причините за тоа се различни – од проблеми со мапи, непрепознавање на сообраќајна сигнализација, неточни предвидувања на системите и затоа што не се придржувале до возачкиот бонтон.
(Jalopnik)