Почна пријавувањето за зет и невеста на Галичка свадба

- Advertisement -

Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за Галичката свадба 2022 година.

Оваа година Галичка свадба ќе се одржува од 15 до 17 јули.

- Advertisement -

Заинтересираните кандидати за зет и невеста за оваа година, најдоцна до 31.03.2022 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: mzgalichnik@gmail.com со назнака „За избор на зет и невеста“.

Критериуми за избор кои ќе бидат земени предвид:
-потекло од Галичник (двајцата или едниот);
-искуство во учество на Галичка свадба во друга улога;
-учество во активностите на Месната заеница;
-ова да им е прв црковен брак.

- Advertisement -

Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.05.2022 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -