Американската војска инвестира 20 милиони долари во дронови на склопување

- Advertisement -

Американската војска потпиша договор со компанијата Skydio од Калифорнија вреден 20 милиони долари за производство на дронови на склопување. Целта на американската војска е да се дистанцира од странските и комерцијално достапни дронови, па сега Skydio ќе ги произведува своите дронови X2D за воената програма SSR (Short Range Reconnaissance).

Американската војска ќе ги опреми дроновите, кои брзо ќе се стават во акција и ќе се користат за извидување и надзор на краток досег. Воената програмата SSR ја разгледува примената на мали дронови веќе подолго време, а досега 30 компании ги доставиле своите предлози до нив. Со ригорозните тестирања листата е скратена на пет компании, а победникот е калифорниската компанија.

- Advertisement -

Според спецификациите кои ги бара американската војска, дроновите мора да поминат во воздух 30 минути, нивниот досег не смее да биде помал од 3 км, а мора и да издржуваат ветар со брзина од 28 км/ч. Со оглед на тоа дека станува збор за извидување, дроновите треба да поддржуваат и мапирање и можност за геотагирање на фотографии.

X2D дроновите имаат двобојни оптички термални сензори кои може да снимаат 4K видео, а опремени се и со технологија за ноќно летање базирана на GPS. Летот во траење од 35 минути подразбира максимална брзина од 40 км/ч, како и опција за вештачка интелигенција за избегнување на пречки и откривање субјекти.

- Advertisement -

Дронот е полесен од 1,3 кг и може да се склопи и во текот на летот да се намалат димензиите на половина. Склопениот дрон може да се разклопи и да се подигне во воздух за 75 секунди. Предноста на Skydio е тоа што дизајнирањето, производството и поддршката ги прави од американско тло.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -