Во претстојните 30 години нивото на морето може да порасне исто колку што порасна во текот на целиот 20 век, објавија од НАСА и Националната американска управа за океани и атмосфера. Според објавениот извештај, ссе предвидува дека нивото на морето долж американскиот брег ќе порасне во просек за 25-30 см над денешното.
Овој извештај оди во прилог на претходните студии и го потврдува она што веќе го знаеме – нивото на морето и понатаму расте со алармантна брзина и ги загрозува заедниците од целиот свет. Овие научни сознанија се неоспорни и зата мора да се преземат итни чекори за да се ублажи климатската криза која е во тек, велат авторите на извештајот.
Според извештајот, порастот на нивото на морето ќе предизвика големи поплави во крајбрежните региони, а климата и огромните бранови кои ќе настанат како последица на таквите невремиња ќе се зголемуваат и ќе стигнат и до копнените делови.
„До 2050 година очекуваме умерените, обично штетни поплави ќе се случуваат во просек 10 пати почесто отколку денес. Веројатно за тоа ќе придонесат и локалните активности“ се вели во извештајот.
Документот е наречен „Глобални и регионални сценарија за порастот на нивото на морето за САД и е ажуриран од верзијата од 2017 година. Ова е прв пат да се нудат краткорочни проекции за наредните 30 години, се вели во соопштението на НАСА.
(N1)
(фото: Wikimedia)