Париз поставува звучни радари кои ќе ги ловат бучните автомобили и мотори

- Advertisement -

Париз, го пушти во употреба првиот звучен радар како дел од планот на властите да ги казнат бучните мотори и други возила во еден од европските најбучни градови.

Машината е поставена високо на улична светилка во 20-тиот округ во источниот дел на градот и таа ќе може да го мери звукот на возилата кои поминуваат и да ги идентификува нивните регистарски таблички.

- Advertisement -

„Многу бучава предизвикува болести кај луѓето. За нашето здравје и за квалитетот на живот овој прв звучен радар ќе издава автоматски казни за возилата кои прават премногу бучава“, изјавил заменик-градоначалникот на Париз, Давид Белиар.

Во следните неколку месеци градот ќе тестира и дали радарот прецизно ќе може да ги идентификува регистарските таблички на бесните мотори и автомобили, по што оваа опрема ќе треба да добие и официјална дозвола од властите кон крајот на 2022 година.

- Advertisement -

Париз планира да започне да дава казни на почетокот на следната година, додека властите треба да постават повеќе вакви звучни радари низ другите француски градови според законот за мобилност донесен во 2019 година.

Според претходниот закон полицијата имала можност да ги казни сопствениците на бучни возила, но проблем била неопходната опрема да се уловат возачите додека го прават прекршокот. Новиот систем треба да го реши овој проблем и да функционира на сличен начин како радарите за брзина со тоа што ќе издава автоматски казни.

- Advertisement -

„Проблемот е што полицијата често има многу други задачи кои треба да ги извршува“, објаснува Фани Мјетлички, директор на агенцијата Брутпариф, која ја развива технологијата за звучен радар.

Според студија од 2021 година Париз беше прогласен за еден од најбучните градови во Европа со 5,5 милиони жители кои биле изложени на бучава од сообраќајот повисока од 55 децибели. За споредба на ваква бучава се изложени 2,6 милиони жители на Лондон и 1,7 милиони граѓани од Виена и Рим.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -