Американската агенција за храна и лекови одобро апликација за телефон која работи во тандем со пумпа за вбризгување инсулин. Американскиот производител на медицински уреди Tandem Diabetes Care, со седиште во Сан Диегом, Калифорнија, кој развива инфузиска терапија со инсулин, доби дозвола за клиничка примена на надградбата за апликација за дозирање инсулин која управува со t:slim X2 уредот за инјектирање.
Ова е прв пат една Android и iOS апликација за смартфон да смее да се користи за дозирање инсулин со помош на t:slim X2 пумпата. Корисниците на пумпата ќе можат да го програмираат или да го откажат земањето инсулин за време на оброк и полесно да го одржуваат нивото на глукоза во крвта под контрола.
Давањето инсулин за време на оброци со помош на пумпа преку апликација за смартфон е практично и дискретно решение, велат од Tandem Diabetes Care. Tandem Diabetes Care е водечка компанија за уреди за дијабетес. Нивната мобилна апликација t:connect веќе прикажува трендови на шеќерот во крвта, историјат на примањето инсулин и сите предупредувања и аларми.
Од Tandem велат дека надградбата на апликацијата ќе се достави до избрани корисници оваа пролет, а во текот на летото ќе биде лансирана за општа употреба.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)