Како да го извлечете максимумот од вашите пари и од вашиот живот е фокусот на новата мотивациска книга „Завршете со позитивна нула“ од Бил Перкинс, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Замислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сè што ви кажал некој друг. Сте работеле напорно, сте штеделе и со нетрпение сте ја очекувале финансиската слобода што доаѓа со пензионирањето. Единственото нешто што сте го потрошиле по пат бил вашиот живот. Завршете со позитивна нула претставува една изненадувачки нова и провокативна филозофија, како и практичен водич за тоа како да го извлечете максимумот од вашите пари и од животот. Наменета е за оние што сакаат да доживеат незаборавни искуства многу пред, едноставно, само да заработуваат и да акумулираат пари за таканаречените златни години.
Авторот Бил Перкинс сака да ве спаси од прекумерно штедење и од тоа само преживувањето да му го преземе местото на живеењето. Без оглед на вашата возраст, „Завршете со позитивна нула“ ќе ви покаже, чекор по чекор, како да си го оптимизирате животот така за да уживате во она за што работите и штедите.
– Фокусот во оваа книга е просперитет, не само преживување. Поентата на оваа книгата не е да го подобри вашиот буџет, туку да го подобри вашиот живот. Не сум овластен финансиски планер или семеен советник за инвестиции. Само сум некој што сака да го живее животот со полна пареа, а го сака истото и за вас. Верувам дека секој посакува таков живот – но, реално, не може да го добие секој. И да бидам искрен: ако се борите да врзете крај со крај, можеби оваа книга ќе ви послужи, донекаде, но ни одблизу како некој со доволно пари, здравје и слободно време за правење на вистински избори за тоа како максимално да ги искористи тие ресурси. Се надевам дека со оваа книга ќе ве натерам да размислите и да преиспитате некои од вашите основни постапки во животот – вели Перкинс во книгата.
Книгата „Завршете со позитивна нула“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.