Германци ја создадоа најмалата бетерија во светот

- Advertisement -

Намалувањето на димензиите на електронските уреди е тренд во целиот свет, а тоа значи дека потребно е да се намалат и уредите кои им ја даваате енергијата, како што се батериите. Во насока на тој тренд истражувачи од Технолошкиот универзитет Чемниц во Германија ја одведоа технологијата за батерии во сосема нов правец. Имено, тие создадоа она што велат дека е најмалата батерија во светот, која се склопува самата себе следејќи го процесот наречен „швајцарски ролат“. Тие велат дека батеријата може да напојува мали сензори поставени на телото, а може да најде и друга примена.

Ова иновативно решение било креирано со процесот познат како „швајцарски ролат“, односно инспириран е од слаткото задоволство цилиндричен ролат со џем, прелиен со чоколадо. Но, шеќерот и брашното научниците ги замениле со колектори и електроди направени од полимерни, метални и диелектрилчни материјали.

- Advertisement -

Ако пробате да ги одделите тие слоеви, се создава тензија и материјалите повторно се виткаат еден околу друг и формираат „швајцарски ролат“. Нивниот уред е помал од 1 квадратен милиметар и по величината е сличен на зрно прашина. Минималната енергетска густина во оваа минијатурна батерија е 100 микроват-часови на квадратен сантиметар.

Тоа значи дека батеријата може да се става во мали чипови со електрични кола, кои пак ќе се стават во некакви биокомпатибилни сензори на телото. Таквите уреди може да се користат буквално за се – од следење на нивото на кислород во телото до следење на закрепнувањето на ткивата на окото и други витални органи после операција итн.

- Advertisement -

Но, батериите ќе може да се користат внатре во телото, што досега не беше возможно со други батерии. Научниците велат дека нивната микро батерија, која може да се полни, може да ги напојува со енергија најмалките компјутерски чипови во период од 10 часа. Друга можна примена е во роботски системи и ултрафлексибилна електроника.

Истражувањето е објавено во весникот Advanced Energy Materials.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -