Нова колонија дизајнирана за Марс ќе ги штити луѓето од радијацијата

- Advertisement -

Тројца турски архитекти – Бурак Челик, Наз Каплан и Зејнеп Еге Одабаси – го дизајнираа Genesis v.2, прототип на колонија за Марс. Нивниот одржлив систем може да реагира на постојните и идните услови на Црвената планета и претставува адаптабилен систем кој ќе се прилагодува на новите сценарија за колонизација на Марс.

Има кружна форма и може да се постави во кратерите на Марс, а системот може да се менува со растот на колонијата и големината на кратерот. Дизајнот е футуристичко решение за поефикасни населби на Марс.

- Advertisement -

Архитектите го нарекле системот Genesis според мисијата на НАСА, која треба да го открие потеклото на нашиот соларен систем. Целта на Genesis v.2 е ширење на човечката раса на други планети на одржлив начин со користење на знаењето и поуките од животот на Земјата.

Genesis v.2 ќе одржува баланс меѓу потрошувачката и производството на ресурси и ќе ја зачува природната средина на планетат. Површината на Марс не е безбедна за луѓето. Еден од најголемите проблеми е радијацијата, па затоа проектот е дизајниран да се поставува во кратери за да се соочи со тој предизвик. Имено, кружниот систем поставен околу главната кула за производство е развиен со прилагодување на радиусот на кругот, па затоа може да се постави во кратери со различни димензии.

- Advertisement -

Создаден со цел да се минимизира човечкиот отпечаток на околината и да се максимизира ефикасноста со адаптирање на колонијата на различни кратери, стабиилноста на структурата се обезбедува со посебни спојки низ целиот круг кој се прицгрстува за кратерот, а со еден вид на џиновски шрафови централната кула се прицврстува за дното на кратерот.

Надворешниот круг, на кој се поставени прорсториите за живот, и централната кула, каде што се врши производството, се главните структури на дизајнот. Затоа ако треба дс се врши релокација, структурата лесно ќе може да се премести и ако кругот се проширил, ќе може да се прицврсти за поголем кратер.

- Advertisement -

Дизајнот е создаде за да се врши максимално производство со минимум ресурси. За да се постигне таа цел структурата реагира на промените во светлината, температурата и другите временски услови и се репозиционира. Тоа значи дека Genesis v.2 секогаш ќе ја има најдобрата локација за максимално производство.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -