Советот за напредни технологии при Стопанската комора oрганизира бесплатни вебинари за дигитализација на компаниите

- Advertisement -

Стратешката трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија за имплементација на концептот „Комора на иднината“, меѓу другото, има за цел да одговори на потребите на бизнис-заедницата во дефинирањето на иновативни решенија и да понуди експертиза во областа на дигитализацијата и користењето на современите напредни технологии за унапредување на работните процеси. Во рамки на таа трансформација беше формиран и Советот за напредни технологи кој ќе помага во насока на олеснување и забрзување на процесот на усвојување и примена на напредните технологии од страна на бизнис секторот. Советот ќе обезбедува консултативни и советодавни мислења и предлози во интерес на поттикнувањето на техничко-технолошкиот развој на компаниите, изјави м-р Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. Тој потенцираше дека Советот за напредни технологии има своја организациска поставеност, го сочинуваат врвни професионалци од разновидни области, а на чело на Советот е Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Претседателот на Совет за напредни технологии, Никола Љушев сподели дека во рамки на активностите на Советот во текот на февруари и март ќе следуваат едукативни настани кои ќе се реализираат во соработка со Македонски Телеком. Станува збор за вебинари од отворен карактер, кои ќе имаат за цел да ја поттикнат дигитализацијата кај компаниите, презентирајќи ги современите дигитални алатки и користите од нивната примена  се’ со цел подигнување на продуктивноста на компаниите, но и стопанството во целост, и градење на конкурентни компании кои со примена на овие технологии се во чекор со конкуренцијата на отворениот пазар. Трите вебинари кои ќе ги организираме ќе бидат во фокус на дигитализација во секторите малопродажба, производство, градежништво и финансии. Истовремено пред учесниците ќе бидат презентирани и најновите податоци од истражувањето кое го спроведува Македонски Телеком, а кое се однесува на статусот на дигитална зрелост по индустрии и дигитални области. На овој начин преку конкретни активности ја покажуваме нашата заложба за подигнување на свеста за важноста и неопходноста од дигиталните услуги во деловното работење преку приближување на дигиталните услуги до корисниците преку конкретен приказ на бенефитот од нивното користење во секојдневието, изјави Љушев.

- Advertisement -

На прес-конференцијата беше најавено дека првиот вебинар на тема „Дигитализација во малопродажбата“ ќе се одржи на 24 февруари, при што беше упатена покана до сите заинтересирани компании кои сакаат да дигитализираат процеси во нивното работење да се пријават за следење на истите. 

Сподели!
- Advertisement -