- Advertisement -
Компанијата ManpowerGrouр е првата компанија во Србија која ќе воведе четиридневна работна недела. Претсавници на компанијата најавија дека во иднина вработените ќе работат четири дена во неделата, а петтиот ден ќе има дежурства. На денот на дежурството ќе се менуваат сите вработени.
Како што открија од компанијата, овој начин на работа бил тестиран претходните пет месеци. Отсега ќе почне официјалната примена. Во текот на тестирањето било утврдено дека пораснала продуктивноста на вработените. Од компанијата нагласуваат дека платата ќе остане иста.
- Advertisement -
(Bizlife)
(фото: Pxhere)
- Advertisement -