Паметните телефони ќе можат да откриваат шпионски камери

- Advertisement -

Иако не се зборува често за тоа, при изнајмувањето стан или соба никогаш не можете да бидете сигурни дека таму нема поставено скриена камера која ќе ве снима или дури во живо ќе пренесува се пто правите. Тие што се параноични околу тоа можеби со себе носат опрема за детекција на скриени камери, но во иднина можеби таква опрема ќе имаме сите.

Имено, научници од Сингапур пронајдоа решение за претворање на паметните телефони со ToF сензпри во уреди за детектриање скриени камери. ToF сензорите кои се наоѓаат во мнгоу телефони се користат за отклучување со лице, односно за снимање фотографии со заматена позадина. Тие емитуваат инфрацрвени зраци и го мерат растојанието од предметите со помош на рефлексијата на зраците. Светлината која ја емитуваат создава карактеристичен отсјај на леќата и благодарение на тоа може да се открие шпионска камера.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека ToF сензорите не се направени за таа цел, научниците морале да направат посебна апликација со која ги прилагодиле сензорите да бидат успешни во детектирањето шпионски уѕреди. Така, додале посебен систем кој корисниците ги предупредува на оптималното растојание при скенирањето на предметите и додале посебни филтри и технологија за препознавање на камерите во различни услови, односно за други предмети да не се прикажат лажно како камери.

Резолуцијата и прецизноста на денешните ToF сензори и понатаму е премала за успешно да се користат за препознавање шпионски уреди, но со понатамошниот напреодк на технологијата можеме да очекуваме дека со тек на време апликацијата која ја развиле сингапурските научници ќе се најде на App Store и на Google Play.

- Advertisement -

Тестирањто на апликацијата покажало дека е прецизна во детекцијата на камерите во 90% од случаите, додека лажно позитивни резултати имало 15%.

(Kaspersky blog)

- Advertisement -

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -